Потпишани нови 18 договори за истражување минерални суровини

Bez autora
Feb 22 2011

Министерот за економија Фатмир Бесими потпиша договори за истражување на минерални суровини со 18 нови концесионери. Од нив 12 се за неметалични минерални суровини, четири за металични минерални суровини и два за води. Од договорите во Буџетот на државата ќе се слеат 41,974 милиони денари, од кои согласно Законот за минерални суровини 9,2 милони или 22 отсто ќе останат во централниот буџет, а 32,7 милиони денари, односно 78 отсто ќе одат во буџетите на општините во кои се концесиите за минерални суровини. Доколку истражувањата покажат значителни резултати тоа ќе значи нови инвестиции. Давањето под концесија кај нас се прави на транспарентен начин и оти е најдобро во регионот. Постапката за давање концесии за истражување на минерални суровини на 73 локации почна на 13 септември минатата година, а јавниот оглас беше објавен на 1 ноември. За 31 локација имаше поволни понуди и за нив Комисијата одлучи дека може да се доделат концесии.

Потпишани нови 18 договори за истражување минерални суровиниМинистерот за економија Фатмир Бесими потпиша договори за истражување на минерални суровини со 18 нови концесионери.

Од нив 12 се за неметалични минерални суровини, четири за металични минерални суровини и два за води. Од договорите во Буџетот на државата ќе се слеат 41,974 милиони денари, од кои согласно Законот за минерални суровини 9,2 милони или 22 отсто ќе останат во централниот буџет, а 32,7 милиони денари, односно 78 отсто ќе одат во буџетите на општините во кои се концесиите за минерални суровини.

- Доколку истражувањата покажат значителни резултати тоа ќе значи нови инвестиции - рече министерот Бесими по потпишувањето на договорите, нагласувајќи дека давањето под концесија кај нас се прави на транспарентен начин и оти е најдобро во регионот.

Постапката за давање концесии за истражување на минерални суровини на 73 локации почна на 13 септември минатата година, а јавниот оглас беше објавен на 1 ноември. За 31 локација имаше поволни понуди и за нив Комисијата одлучи дека може да се доделат концесии.

- За локациите што не беа доделени на огласот од 1 ноември, веќе е објавен нов оглас за кого во текот на денешниот ден ќе се отворат понудите - појасни министерот Бесими и додаде дека во континуитет се реализираат проектите со кои се дава можност за инвестиции во областа на истражување и експлоатација на минерални суровини.

Во моментов во Македонија има 300 доделени концесии за експлоатација и 127 доделени концесии за детални геолошки истражувања во кои се вбројуваат и 18-те потпишани.

Директорот на рудникот "Бучим" - Радовиш, Николајчо Николов, кој потпиша договор за концесија за детални геолошки истражувања за две локации, едната во близина на Радовиш, а другата кај Пехчево, смета дека потребната документација е главната причина за недоволната заинтересираност за понудените локации.

- Многу од компаниите отпаднаа од огласот поради несоодветната тендерска документација. Министерството за економија треба да поработи повеќе за да им објасни на пријавените на огласите каква документација им е неопходна, а истото треба да го направат и компаниите - изјави Николов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik